Џонсон предложи предвремени парламентарни избори на 15 октомври

Лондон, 4 септември 2019 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон предложи денеска распишување предвремени избори на 15 октомври во случај да претрпи нов пораз во Парламентот заради Брегзит.

За време на остра размена на реплики во Долниот дом на Парламентот, Џонсон го предизвика лидерот на опозицијата Џереми Корбин да поддржи распишување избори на 15 октомври „за да може луѓето во таа држава да го изразат својот став“.

Џонсон го нарече планот на лабуристите да спречат Брегзит без договор како „предавство“.

Лидерот на лабуристите Џереми Корбин нагласи денеска дека опозициските партии нема да паднат на „триковите на Борис Џонсон“ и нема да поддржат нови избори додека не бидат уверени дека заканите за Брегзит „без договор“ се отстранети.

– Џереми јасно кажа дека лабуристите сакаат избори и тоа наскоро, но дека нема да паднеме на трикови на Борис Џонсон, соопштија од неговата партија.

Џонсон возврати дека „постои само една работа што е пречка на патот, а тоа е предавство што мометно го предлагаат лидерите на опозицијата“. зш/гт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...