ЕУ ќе се наврати на проширувањето пред Самитот на ЕУ во 2020

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск порача дека Европската Унија ќе се наврати на проширувањето пред Самитот во Загреб во мај наредната година, откако земјите членки не успеаја да постигнат договор за почеток на преговори со Северна Макеоднија и Албанија.



– Големо мнозинство членки на Европската Унија сакаат да бидат отворени пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Сепак, таквата одлука бара едногласност, а тоа вчера не беше постигнато. Да бидам јасен: Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова, тие ги исполнија условите и се подготвени за отворање на преговорите. Тие се подготвени, но за жал неколку земји членки не беа. Затоа не успеавме да постигнеме позитивна одлука. Лично сметам дека тоа е грешка, но нема да го коментирам понатаму, изјави Туск.

Претседателот на Европскиот Совет на прес-конференцијата ги повика Скопје и Тирана да не се откажуваат.

– Денеска сакам да испратам порака до нашите македонски и албански пријатели – ве молам не се откажибајте. Целосно ја разбирам вашата фрустрација, бидејќи заслуживте, а не добивте. ЕУ е комплелксен политички ентитет и вистина е дека некогаш носењето одлуки трае предолго. Но, апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ, порача Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција кажа дека „многу жали“ што ЕУ не успеа да постигне консензус и посочи дека против биле Франција, Данска и Холандија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...