Хан: Блокирањето на Скопје и Тирана е навреда за работата на Еврокомисијата

Еврокомесарот во заминување Јоханес Хан во интервју за Фајненшл Тајмс ја повтори разочараноста што на Северна Македонија и Албанија не им беше дозволено да почнат преговори за членство со Европската Унија.



Хан вели дека до блокада на преговорите дошло во момент кога требало да се зајакнат напорите за ЕУ да стане посилен светски играч и оти претставувало губење влијание во регионот, за кој вели дека е близок историски и географски на ЕУ, притоа оставајќи простор за Кина и Русија.

– Најболно е тоа што ЕУ не ги демонстрираше принципите на парнерство и одговорност, на кои секогаш се повикува и на кои секогаш се потпираме, потенцираше Хан.

Тој искажа фрустрираност од блокадата од францускиот претседател Емануел Макрон, напоменувајќи дека Париз ги спречл преговорите со Северна Македонија, дури и откако земјата постигна договор со Грција за „исклучително чувствителниот проблем со името“.

Тој оцени дека тоа претставува навреда за годините што Еврокомисијата ги поминала во поставување на политичка рамка за договор и испратил погрешна порака до регионалните лидери.

– Процесот на пристапување е заснован на заслуги и ако не го признаеме напредокот, нема да има стимул за реформи, рече тој.

Хан откри дека српскиот претседател Александар Вучиќ, по блокадата на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија, му рекол дека не му е јасно зошто би бил мотивиран да го продолжи дијалогот со Приштина. Весникот оцени дека таквиот став е удар за ЕУ, која минала 10 години обидувајќи се да биде ментор во разговорите меѓу Белград и Приштина.

И покрај драматичниот крај на неговиот мандат, Хан вели дека е горд на прогресот направен додека тој ја извршувал функцијата во смисла на подобрување на односите во регионот. Тој потсети дека од 2015 година ЕУ во регионот инвестирала речиси една милијарда евра преку фондови за меѓусебно поврзување, а трговијата во рамки на регионот се зголемила за 20 отсто. Хан, исто така, го пофали планот за укинување на таксите за роаминг за корисниците на мобилни телефони во регионот до 2021 година, врз основа на моделот на ЕУ. Еврокомесарот во заминување упати пофалби и за регионалната иницијатива за укинување на царинските бариери во трговијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...