Јункер: Не се согласувам со многу негови одлуки, но го почитувам Трамп

Во долго интервју за белгискиот неделен весник „Ле Виф“, поранешниот претседател на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, се навраќа на најважните одлуки и настани за време на неговиот петгодишен мандат на чело на европската извршна власт.



Еден од нив се преговорите со претседателот на САД, Доналд Трамп за американските царини врз европските производи и трговските спогодби помеѓу двата блока. По месеци обиди од страна на лидерите на земјите на ЕУ, Јункер се сретна со Трамп летото 2018, средба која спречи ескалација на трговскиот конфликт.

– Еден од моите трикови беше да употребувам исклучиво американски статистики кога се сретнував со Трамп, и кога Трамп ќе ми кажеше „не верувам во вашите бројки“, му одговарав „ова се ваши бројки“.

Јункер го припитомил американскиот претседател и со малку историја, потсетувајќи дека еден од најславните американски генерали, Џорџ Патон, е закопан на воените гробишта во Луксембург, од каде доаѓа Јункер. При една од посетите, поранешниот шеф на Комисија со себе земал слика од гробиштата.

– Знаев дека Трамп високо ги цени славните генерали и му објаснив дека тоа мало парче земја каде се закопани пет илјади војници е американска територија, Трамп беше длабоко погоден од тоа, тие се тие мали работи со кои се придобива довербата, истакна Јункер.

Запрашан дали било тоа паметна стратегија поради тоа што непредвидливоста на Трамп го прави „опасен“, Јункер одговари: Не се согласувам со многу одлуки на Трамп, но го почитувам, тој е човечко битие, и ако не го почитуваме нема да добиеме солиден договор.

Јункер, кој е во европската политика 37 години, истакна дека од првиот ден знаел дека британскиот референдум за излез од ЕУ лошо ќе заврши.

– Кога премиерот Дејвид Камерон ми кажа во 2014, на маргините на Самитот на Г-20 во Брисбејн, дека има намера да организира референдум за Брегзит, му реков дека ќе изгуби. Се обложив со поранешниот британски еврокомесар, Џонатан Хил – му реков да ми даде една фунта ако победи таборот на тие што сакаат да напуштат, а јас ќе му дадам едно евро ако победи тој. Добив една фунта, наведе Јункер во интервјуто за „Ле Виф“.

Луксембуржанецот се сеќава дека за време на кампањата за референдумот, Камерон јасно му ставил на знаење дека не му е потребен Јункер и дека во Обединетото Кралство, Европската Комисија не е ни малку популарна.

– Одлучив да останам на страна, сега сметам дека тоа беше огромна грешка, толку многу лаги беа искажани, вклучително и од страна на сегашниот премиер Борис Џонсон што некој требаше да им контрира.

За Јункер важно е во иднина да се реформира начинот на одлучување во ЕУ во областа на надворешната политика, иако е свесен дека постојат граници за воведувањето на квалификуваното мнозинство.

– Во иднина, некои специфични меѓународни прашања треба да се одлучуваат со квалификувано мнозинство, на пример кога треба да се осудат нарушувањата на човековите права во Кина. Не можеме да седиме без да преземеме ништо затоа што една земја членка е против таквата осуда. Меѓутоа кога станува збор за испраќање воени сили, мора да се биде внимателен. Не можам да замислам, на пример, германскиот парламент да поддржи европска одлука со која се испраќаат германски војници на фронт, тоа е посебно чувствително во Германија, посочи Јункер.

Поранешниот луксембуршки премиер од први декември е во пензија и вели дека не се плаши од празнината, над 50 илјади непрочитани книги го чекаат во неговата библиотека, а се подготвува и да напише мемоари.

Јункер, кој одбива да користи социјални мрежи, вели дека е важно да се остане информиран , но и дека треба да се биде внимателен во изборот на работите на кои се троши времето. И конечно, првпат се осврна на гласините дека наводно тој има проблем со алкохолот.

– Нема да одговорам на ова прашање, овој тип на лажни изјави се многу поболни за моето семејство отколку за мене, потенцира Јункер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...