Советот на ЕУ го одобри договорот за Брегзит, Британците истапуваат од ЕУ утре

По Европскиот Парламент вчера, попладнево Советот на ЕУ го одобри договорот за истапување на Обединетото Кралство од ЕУ. Земјата од утре на полноќ нема повеќе да биде членка на Унијата, јави дописничката на МИА од Брисел.



– Советот ја усвои, преку писмена процедура, одлуката за затворањето на договорот за повлекување од страна на ЕУ. Ова доаѓа по одобрувањето изгласано од Европскиот Парламент на 29 јануари и потпишувањето на договорот за повлекување меѓу ЕУ и Обединетото Кралство на 24 јануари, соопштија прес-службите на Советот на ЕУ денеска.

Ова е последната етапа во процедурата за истапувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, кое стапува на сила утре на полноќ.

– Од тогаш Обединетото Кралство нема повеќе да биде земја членка на ЕУ и ќе се смета за трета земја, соопштува Советот.

Договорот за Брегзит требаше да биде одобрен од двете ко-одлучувачки тела на ЕУ – Парламентот и Советот, за да може да стапи на сила на 31 јануари.

Овој договор се справува со прашањата поврзани за финансискиот долг на Британците кон ЕУ, правата на граѓаните и статусот на Северна Ирска, Кипар и Гибралтар, но не и со трговското партнерство меѓу двата блока, за кое двете страни допрва треба да преговараат.

Од утре започнува и транзицискиот период предвиден во договорот кој треба да заврши на 31 декември 2020 за да им се остави доволно време на сите чинители да се прилагодат на новата состојба.

За време на оваа транзиција Обединетото Кралство сѐ уште подлежи на правото на ЕУ, но нема биде застапено во институциите на ЕУ, потсетува Советот. Транзицискиот период може да биде продолжен еднаш од една до две години доколку за тоа се постигне договор до 1 јули 2020.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...