Џонсон: Не можеме да ја фотошопираме историјата

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека земјата не може да го „фотошопира“ своето културно опкружување и сложената историја, потенцирајќи дека тоа ќе биде извртување на минатото.



Во врска со растечките несогласувања околу отстранување на статуи на историски личности, што го бараат антирасистичките демонстранти, Џонсон рече дека со прочистувањето и отстранувањето на сликите на „сите оние од чие однесување не сме задоволни“, Британците ќе бидат во опасност да западнат во голема лага и искривување на историјата.

Во авторски текст во „Телеграф“, тој го брани Винстон Черчил и повторува дека фактот што статуата на поранешниот премиер е во опасност е „апсурден и тажен“.

– Тој беше херој и мислам дека не сум осамен кога ќе кажам дека до последниот атом на силата ќе се противам на секој обид неговата статуа да се отстрани од парламентарниот плоштад, истакна Џонсон.

Статуи на трговци со робови, империјалисти, но и истражувачи, како што се Кристофер Колумбо, Сесил Роудс и белгискиот крал Леополд Втори, беа мета на движењето кое, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициското апсење, почна да урива споменици на Конфедерацијата низ САД.

Статуите на историските личности, вклучително и Винстон Черчил, кој демонстрантите претходно го прогласија за расист, се обложени со штици за да се заштитат од евентуална штета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...