Германија: Стабилноста и развојот на Западен Балкан се од витално значење за Европа

Берлин, 8 јули 2020 (МИА) – Стабилноста и развојот на Западен Балкан се од витално значење за Европа, а трајната стабилност бара сеопфатен и одржлив договор меѓу Белград и Приштина, соопшти германското Министерство за надворешни работи по состанокот меѓу министерот за надворешни работи Хајко Мас и специјалниот претставник на ЕУ од Мирослав Лајчак.

Западен Балкан е високо на агендата на германското претседателство со Советот на ЕУ, соопшти министерството синоќа на Твитер.

– Ние сакаме брз, видлив напредок за луѓето во регионот. Иднината на Западен Балкан е во Европа. Затоа ЕУ мора да има водечка улога, велат од Министерството.

Се додава дека трајната стабилност во регионот бара сеопфатен и одржлив договор меѓу Косово и Србија.

– Тоа е клучен предуслов за реализација на европската перспектива на двете земји.

Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, вчера во Берлин се сретна со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и советникот за надворешни работи на Ангела Меркел, Јан Хекер.

– Разговаравме за дијалогот меѓу Белград и Приштина, со кој посредува ЕУ и за важноста на првата средба на високо политичко ниво, што се организира на 12 јули после самитот во Париз, напиша Лајчак на Твитер.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во петок на 10 јули организираат видео самит посветен на Западен Балкан и дијалогот меѓу Белград и Приштина. јт/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...