Се затвораат плажите во Шпанија

Мадрид, 8 јули 2020 (МИА) – Властите во Шпанија за да го спречат ширењето на новиот коронавирус наредија затворање на десетици плажи поради големиот број посетители за време на викендот.

Речиси 30 плажи во Коста дел Сол беа затвроени во неделата, а плажите во Малага беа принудени да го редуцираат бројот на посетители, за да се одржи социјалната дистанца.

Околу 55 плажи во Андалузија се затворени, додека во Кадиз е затворена една плажа поради големиот број на посетители.

Поради пораст на бројот на новозаразени лица со Ковид-19 повторно е воведен карантин за време на викендот во Галиција и Каталонија.

Се очекува влошување на ситуацијата со епидемијата поради пораст на бројот на странски туристи. Шпанија, која ја посетуваат околу 80 милиони туристи годишно е втора земја по посетеност, зад Франција.

Во Шпанија 299.210 лица се инфицирале со Ковид-19, од кои 28.392 починале. ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...