Во Чешка рекорден број на новозаболени луѓе со Ковид-19

Прага, 22 октомври 2020 (МИА) – Во Чешка во изминатите 24 часарегистрирани се рекордни 14.968 луѓе инфицирани со новиот коронавирус.

Во истиот период 69 луѓе починале од последици од Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата, Чешка, со население од 10,7 милиони жители, бележи најголем пораст на бројот на новозаболени во Европа. Досега се потврдени 208.915 инфицирани лица и 1.793 смртни случаи.

Од денеска во Чешка стапуваат во сила нови порестриктивни мерки вклучително и затворање на многу продавници, трговски центри и хотели. На луѓето ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови, со некои исклучоци. Владините канцеларии исто така ќе го ограничат работното време. Според новиот режим, продавниците за храна и лекови, аптеките и бензинските пумпи ќе останат отворени. Од вчера во сила е мерката за носење заштитна маска на отворено и во автомобили. ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...