Во Белгија просечно дневно се пријавуваат 13.000 новозаболени со Ковид-19

Брисел, 27 октомври 2020 (МИА) – Кризниот штаб за Ковид-19 информираше дека помеѓу 17 и 23 октомври Белгија постигнала стапка од тринаесет илјади новозаразени дневно во просек, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгија е втора по стапка на новозаразени од коронавирусот во Европа после Чешка.

Во просек се регистрирани 13.052 нови инфекции дневно во текот на неделата од 17 до 23 октомври, според бројките на Институтот за јавно здравје, односно 38 отсто повеќе од претходната недела.

Од почетокот на пандемијата се заразиле повеќе од 300.000 лица во Белгија.

Бројот на хоспитализации достигна 502 дневно, односно пораст од 88 отсто.

Моментално низ цела држава хоспитализирани се 5.260 лица со вирусот, од кои 809 на интензивна нега. Сите бројки се во подем во споредба со претходната недела, вклучително и бројот на починати кои достигна 48,3 дневно.

Стапката на позитивност на тестовите надмина 21 отсто на национално ниво. тм/ми/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...