Лавров: Обнова на дијалогот меѓу Москва и Берлин е во интерес на Европа

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека продолжувањето на дијалогот меѓу Русија и Германија ќе биде во интерес на Европа.



Тој рече дека Русија е искрено заинтересирана за тоа, бидејќи трга од претпоставката дека може да се надмине периодот на затегнатост во билатералните односи меѓу Москва и Берлин.

Оценувајќи дека односите меѓу Русија и ЕУ континуирано се деградираат во последните неколку години, Лавров посочи дека за тоа не е виновна Русија и предупреди дека европската политика придонела за создавање нови поделби.

Според шефот на руската дипломатија, ЕУ „поддржа неуставен државен удар во Украина, воведе еднострани санкции за Русија и уништи комплетен, сложен систем на дијалог меѓу Русија и ЕУ“.

– Постојаните обвинувања, ултиматуми и закани кон Русија станаа рутински инструменти на германската надворешна политика. Актуелната тензија скапо ги чинеше европските нации чија безбедност стана заложник на политичката себичност. Ние сепак сме уверени дека е зачувана можноста за воспоставување архитектура на мирот, рече Лавров.

Лавров потсети дека и Русија и Европа се соочуваат со исти предизвици и закани – од тероризам, ширење на оружје за масовно уништување и пандемијата на коронавирусот, и оти за сето ова се потребни заеднички напори на Русија и ЕУ.

– Русија, од своја страна, секогаш е подготвена за искрена, еднаква соработка и е посветена на воспоставување рамнотежа на интересите, заклучи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...