Директорот на БиоНТек убеден дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот

Мајнц, 22 декември 2020 (МИА) – Директорот на германската фирма БиоНТек, Угур Сахин, изрази убедување дека вакцината што фармацевтската компанија ја разви со американски Фајзер ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот што се појави во Велика Британија.

Сахин рече дека БиоНТек ќе ја испита мутацијата на вирусот во наредните денови, но дека „трезвено ја набљудува ситуацијата“.

Земјите ширум светот продолжија да ги затвораат границите со Велика Британија поради страв од новата варијанта на коронавирусот, кој се шири до 70 отсто побрзо од досегашниот.

Откажувањето на летовите доведе до хаос во сообраќајот и ја зголеми можноста за недостиг на храна во Велика Британија.

Изјавата на Сахин е во согласност со ставот на Светската здравствена организација дека нема причина за голема загриженост и дека новата варијанта на вирусот е вообичаен дел од еволуцијата на пандемијата.

Непосредно пред изјавата на Сахин, Европската унија даде одобрение за употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, чија дистрибуција ќе започне по католички Божик. ссм/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...