Навални: Тоа што ми се случува е потсмевање со правдата

Во моментов најпознатиот руски опозиционер, Алексеј Навални, кој синоќа беше приведен на аеродром при враќањето од лекување од Германија, денеска изјави дека односот кон него е „потсмевање со правдата“, бидејќи е соочен со набрзина организирано судење, јавија француските медиуми.



Во услови на зголемени повици од целиот свет за ослободување на Навални, тој денеска беше одведен во судницата поставена во полициската станица Химки, на периферијата на Москва, каде што синоќа директно беше однесен по приведувањето на московскиот аеродром Шереметјево.

Полицијата го приведе Навални, најистакнатиот противник на претседателот Владимир Путин, на граничната контрола на московскиот аеродром, помалку од еден час откако се врати во Русија од Германија, за првпат откако беше затруен од нервен агенс во август минатата година.

Во видео материјал што го објави неговиот тим од сослушувањето во импровизираната судница, Навални вели дека не разбира како може да се одржи судско рочиште во полициска станица и зошто никој не бил известен до последен момент.

-Сум гледал многу потсмевања со правдата, но старецот во бункерот (Путин) толку се плаши што очигледно го искинаа и го фрлија рускиот Кривичен законик, рече Навални, додавајќи дека „ова е крајно беззаконие.

На друго видео се глада како Навални повикува рочиштето да биде отворено за сите новинари, откако им беше дозволено да присуствуваат само на провладините медиуми.

-Барам оваа постапка да биде што е можно поотворена, за сите медиуми да имаат можност да ја набљудуваат неверојатната апсурдност на она што се случува тука, кажа тој.

Околу 100 лица, главно новинари, се собраа на снегот пред полициската станица, а неколку полициски комбиња чекаа во близина со запалени мотори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил Мујо од партиски состанок потечен во двете очи.
"Што се случи?"- го прашале.
"Па, знаете, партискиот состанок беше многу долг..."
"И ?"
"Јас седев зад...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
274.- Во Наисус (денес Ниш) е роден Константин...
1525.- Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго...
1533.- Роден е Мишел Монтењ, француски...
1825.- Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика...