Курц: Нема геополитички табуа при одобрувањето на вакцините

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска истакна дека не смее да има „геополитички табуа“ при одобрувањето на вакцините против Ковид-19.



– Европската агенција за лекови треба, се разбира, да размисли за одобрување на кинеските и руските вакцини веднаш штом ќе се поднесе барање за тоа, нагласи Курц во изјавата за агенцијата АПА.

Тој истакна дека во борбата против пандемијата е важна секоја вакцина што е ефикасна и одобрена и додаде дека успесите на компаниите Бионтек/Фајзер и Модерна во развојот на вакцината се подеднакво значајни како и на АстраЗенека или на руски и кинески компании.

– Само заедно, преку меѓународна соработка, ќе можеме да ја победиме оваа пандемија, подвлече Курц.

Во Австрија последните денови се зголемуваат барањата за постигнување договор за набавка на руската вакцина Спутник V, бидејќи западните компании доцнат со испораката на своите вакцини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...