QR кодот на здравствената пропусница на Макрон се појави на социјалните мрежи

QR-кодот на здравствената пропусница на шефот на француската држава е видлив на социјалните мрежи Снапчат и Твитер. Според Елисејската палата виновни се „негрижата или злобата на здравствените работници“, јавува дописникот на МИА.



QR -кодот на Емануел Макрон протече на социјалните мрежи, потврди опкружувањето на претседателот за ФрансИнфо. Овој QR-код, кој всушност служи како здравствена пропусница, е присутен особено на Снапчат и Твитер. „Преземени се мерки“, рече истиот извор, без да даде повеќе детали.

-Негрижата или злобата на неколку здравствени работници е изворот на протекувањето преку Интернет на оваа здравствена дозвола, исто така укажува Елисејската палата, која го осудува „кршењето на етиката“. Овие здравствени работници сега се во центарот на вниманието на Националниот фонд за здравствено осигурување, бидејќи е побарано од Националниот совет на Редот на лекарите да ги санкционира лицата кои се виновни за објавувањето на кодот.

Во прилог на QR-кодот, на пропусницата може да се види и датумот на раѓање на претседателот, 21 декември 1977. Исто така, се посочува дека тој ја примил вакцината Фајзер / БиоНТек на 13 јули 2021 година. Во реалноста, Макрон беше вакцинирани на 31 мај, но неговата вакцинација е снимена само месец и половина по „грешка“ во преносот на податоците, прецизира Елисејската палата за Медијапар

Протекувањето на овие податоци го поставува прашањето за можна измама.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...