Австрија: Вакцинираните со три дози се 99 отсто подобро заштитени од смрт отколку невакцинираните

Примени три дози на вакцина против коронавирус овозможуваат 99,2 отсто заштита од смрт од Ковид-19 во споредба со невакцинираните луѓе, покажуваат податоците на Австрискиот институт за јавно здравје – Gesundheit Österreich GmbH (ГОГ).



Според институтот, ефикасноста по вакцинацијата со две дози е 92,6 отсто.

– Резултатот за Австрија е во согласност со другите меѓународни студии, изјави Лукас Рајнер од ГОГ.

Сепак, податоците главно се однесуваат на делта варијантата на Ковид-19. Што се однесува до сојот омикрон, сепак е потребно време за да се направат валидни проценки, објасни експертот.

Анализата го опфаќа периодот од почетокот на февруари 2021 година до 13 јануари годинава, а податоците за третите дози се вклучени од 1 октомври.

Во Австрија досега се потврдени околу 14.000 смртни случаи од коронавирусот, а меѓу нив биле околу 5.600 смртни случаи по првата серија вакцинација на почетокот на февруари 2021 година, од кои повеќето (околу 4.500 смртни случаи) не биле имунизирани.

Сепак, податоците од Австрија покажуваат дека 95 лица кои биле трипати вакцинирани починале од Ковид-19, од кои повеќето биле на возраст од 75 години или повеќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...