Пратениците во Бундестагот го поддржаа влезот на Хрватска во еврозоната

Германскиот Бундестаг синоќа го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска, со оценка на пратениците дека Хрватска ги исполнила сите неопходни критериуми за влез во еврозоната.



Германските законодавци согласни дека во интерес на Германија е натамошен развој и заокружување на економската и монетарната унија.

На одлуката се спротивставија единствено пратениците на крајната десничарска партија „Алтернатива за Германија“, чиј пратеник Норберт Клејнвахтер ја нарече Хрватска „Новата Грција“.

На летниот самит одржан на 24 јуни лидерите на ЕУ ја поддржаа препораката за влез на Хрватска во еврозоната, што е претпоследен чекор во процесот на одлучување.

Последниот чекор е усвојување на трите законодавни предлози за влез на Хрватска предвидено да се случи на состанокот на Советот за економија и финансии на 12 јули, така што од 1 јануари наредната година еврото ќе биде официјална валута во Хрватска.

Последното проширување на еврозоната се случи во 2015 година кога еврото стана официјална валута во Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се возат во воз прилепчанец и Босанец. Му здосадило на Босанецот и му вели на прилепчанецот.
Окле си?
И прилепчанецов не одговара.
По некое време Босанецов пак:
Окле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1356.- Англиската армија предводена од Црниот...
1551.- Роден е францускиот крал Анри III,...
1802.- Роден е унгарскиот револуционер Лајош...
1833.- Црногорскиот владика Петар II Петровиќ...