Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ.



Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг по повод утрешната трета годишнина од излезот на Велика Британија од ЕУ.

Како што се наведува, деловните инвестиции се послаби, а недостигот на работна сила е сè поакутен проблем.

Економистите Ана Андраде и Ден Хансон веруваат дека економијата е четири отсто помала отколку што би можела да биде, при што деловните инвестиции значително заостануваат, а недостигот од работници во ЕУ се зголемува.

– Дали Велика Британија изврши чин на економско самоповредување кога гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година? Досегашните докази продолжуваат да сугерираат дека е така, изјавија Андраде и Хансон.

Тие исто така додаваат дека главниот заклучок е дека прекинот со единствениот пазар можеби се одразил на британската економија побрзо од очекуваното.

Податоците ги демантираат тврдењата на британскиот премиер Риши Сунак дека Брегзит е „огромна можност“ за Велика Британија што почнува да се остварува, бидејќи прекинот на врските со ЕУ и овозможува на Британија да создаде слободни пристаништа за да ја поттикне трговијата и да ги реформира правилата за финансиски услуги во корист на банките во лондонски Сити.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...