Макрон ќе и се обрати на нацијата утре кога ќе даде интервју за два француски медиума

Еден ден по отфрлените две гласања за недоверба на Владата на француската премиерка Елизабет Борн во Националното собрание (долниот дом на францускиот Парламент), францускиот претседател Емануел Макрон и натаму е под притисок. Тој за денеска закажа серија консултации, пренесоа француските медиуми.

Во 9 часот по локално време тој ќе има средба со француската премиерка. Потоа ќе има работен ручек со претседателите на двата парламентарни дома Јаел Браун-Пивет и Жерар Ларше.

Консултациите доаѓаат во време на повиците до Владата да поднесе оставка поради пензиските реформи. Опозицијата има намера да се обрати до Статутарниот совет на Франција во врска со усвоениот предлог-закон. Беше покренато и барање за референдум за предлог-законот. И самата премиерка Борн рече дека ќе упати на Статутарниот совет да го испита од текстот што е можно поскоро.

Макрон утре ќе и се обрати на нацијата во обид да ги смири тензиите. Тоа ќе биде во форма на интервју што ќе го даде за француските медиуми „ТеЕф 1“ и „Франс 2“. Интервјуто ќе се пренесува во живо на овие две телевизии. Ќе започне во 13 часот по локално време.

Предлог-законот за пензиски реформи беше усвоен на 16 март во Долниот дом на Парламентот без гласање, но со активирање на член 49.3 од статутот, кој дозволува такво нешто да се случи. Досега во Петтата република, владите 100 пати се повикувале на овој член во различни поводи. Ова уште повеќе го зголеми незадоволството на француската опозиција и демонстрантите против самата пензиска реформа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...