Билстром: Шведска ги исполни сите услови за членство во НАТО

Шефот на шведската дипломатија денеска оцени дека неговата земја ги исполнила сите услови за членство во НАТО, апелирајќи до Турција и Унгарија да се откажат од противењето, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека наскоро ќе отпатува во Анкара по овој повод.

„Шведска ги исполни сите обврски што ги презеде на самитот во Мадрид минатата година, вклучувајќи го и новиот закон за тероризам“, рече Тобијас Билстром на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.

„Дојде време Турција и Унгарија да почнат да го ратификуваат членството на Шведска во НАТО“, додаде министерот.

Генералниот секретар Столтенберг денеска најави дека „во блиска иднина“ ќе отпатува за Анкара за да се обиде да ги отстрани последните пречки за членството на Шведска.

„Разговарав со (турскиот претседател Реџеп Таип) Ердоган претходно оваа недела и ќе одам во Анкара во блиска иднина за Шведска да стане членка на Алијансата што е можно поскоро“, рече Столтенберг на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...