Белгија предлага забрана за продажба на руски дијаманти во земјите од Г7

Глобалниот центар за дијаманти од Антверпен е подготвен да ги зајакне санкциите кон Русија со тоа што ќе забрани продажба на руски дијаманти, соопшти белгискиот премиер Александер Де Кро, најавувајќи го предлогот на Белгија за забрана на продажбата на овие „симболи на војната“ на пазарите на членките на Г7 од јануари 2024 година.



- Г7 сака да ги намали приходите од руските дијаманти. Како водечки центар за трговија со дијаманти, Белгија е одговорна да придонесе за нејзиниот успех. Вечерва се сретнав со индустриските лидери за да разговараме како да ја искористиме оваа можност и да ги подигнам стандардите за транспарентност за целата индустрија, објави Де Кро на X по средбата со претставници индустријата за накит во Њујорк.

Тој нагласи дека руските дијаманти претставуваат симбол на војната и на кршењето на човековите права, па затоа е потребна нивна забрана на пазарот.

Со санкциите што досега се воведени кон Русија не беше забранета продажбата на руски дијаманти и покрај проценките дека приходите од нив Кремљ ги користи за финансирање на агресијата врз Украина.

Белгија во чиј град Антверпен се наоѓа седиштето на глобалниот центар за трговија со дијаманти во Антверпен, досега не беше расположена за забрана на продажбата на руски скапоцени камења, но сега Де Кро повика меѓународните актери „да ја изодат последната милја“ и да го поддржат предлог на неговата земја за воведување на ваква забрана.

Обемот на дневната трговија со дијаманти во Центарот во Антверпен изнесува околу 220 милиони долари, што е приближно 47 милијарди долари годишно. Преку овој Центар се одвива глобалната продажба на 86 отсто од необработените дијаманти и околу 50 проценти од трговијата со брусени дијамант. Продажбата на дијаманти од Русија, која е најголемиот снабдувач на глобално ниво, драстично опадна преку Центарот во Антверпен од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, но таа не е целосно запрена.

Белгија досега се воздржуваше од забрана на продажбата на руски дијаманти преку Антверпен со образложение дека ваквата мерка може да биде неефикасна, бидејќи е можно пренасочување на рускиот увоз на скапоцени камења преку други земји, како на пример Индија.

Со белгискиот предлог, сега се бара ефикасен механизам за следење на секој дијамант и на тој начин да се спречи руските скапоцени камења да стигнат до пазарите на земјите од Г7 – Велика Британија, Германија, Италија, Јапонија, Канада, САД, Франција и ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
После подолго време дошол поп во некое градче. Се собрале полно луѓе за да се исповедаат.
- Попе, јас 12 пати го мамев маж ми.
Пресметува нешто попов и вика:
- Ти забранувам 3...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1547.- Умре шпанскиот освојувач Ернан Кортес, кој...
1804.- Наполеон Бонапарта за францускиот цар...
1805.- Во битката кај Астерлиц, позната како...
1814.- Умре францускиот писател Донасјен Алфонс...