Семејствата со едно дете најбројни во ЕУ

Нешто помалку од една четвртина од речиси 198,5-те милиони домаќинства во ЕУ или 24,3 отсто во 2022 година вклучувале и деца, при што најбројни се семејствата со по едно дете, соопшти Европската статистичка агенција – Евростат по повод Светскиот ден на детето - 20 Ноември.

Според податоците на Евростат, како што јави дописникот на МИА од Брисел, 12,1 отсто од домаќинствата во ЕУ биле со по едно дете, 9,3 проценти со по две деца и три отсто со три или повеќе деца.

Во однос на вкупниот број на домаќинства во ЕУ, тој лани се зголемил за 6,9 отсто во споредба со 2012 година, додека во истиот период процентот на семејствата со деца се намалил за 2,4 процентни поени.

Најголем удел на домаќинства со деца во вкупниот број има во Словачка од 33,9 проценти, по што следуваат Ирска со 32,2 и Кипар со 30,6 отсто. Од друга страна, најмал удел на домаќинства со деца имало во Финска од 18,4 проценти, пред Германија од 20,1 и Холандија од 21,8 отсто.

Од вкупниот број семејства со деца во ЕУ, речиси половина или 49,5 проценти во текот на 2022 година имале само по едно дете, 38,1 отсто по две деца, а 12,4 проценти било со најмалку три деца.

Семејствата со едно дете биле најбројни во сите земји на ЕУ, освен во Холандија, каде најголем процент отпаѓа на семејствата со две деца. Од вкупниот број семејствата со деца во Португалија, Бугарија, Романија, Малта, Литванија, Летонија, Италија, Шпанија и Унгарија над 50 отсто имале само по едно дете.

Кога станува збор пак за семејствата со три или повеќе деца, кои биле најмалубројни во сите членки на ЕУ, нивниот проценти е најголем во Ирска од 22,3 отсто, пред Шведска со 21,2 и Финска со 19,0 проценти. Овие семејства биле најмалубројни во Португалија со 6,3 отсто, пред Бугарија со 6,5 и Италија со 7,4 проценти.

Целта на Светскиот ден на детето е да се подигне свеста за заштита и за зголемување на благосостојбата на децата ширум светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Две деца прават муабет:
- Сега знам зошто штр-ковите одат на југ!
- Зошто?
- Па зошто и црнците сакаат да имаат деца!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...