Лондонски изработувач на бонго тапани почина од болеста антракс

Лондон, 3 ноември (МИА) - Шпанскиот фолк музичар Фернандо Гомез, кој работеше во Лондон изработувајќи бонго тапани, почина од антракс, чии спори се наоѓале во животинските кожи од кои ги правел музичките инструменти, јави дописникот на МИА од Лондон.

Британската агенција за борба со заразните болести, соопшти, дека Гомез беше на интензивна нега неколку денови во една болница во источен Лондон, но и покрај обидите на лекарите да му го спасат животот, тој починал.

Спорите од опасната болест антракс биле скриени во кожите донесени од странство. Станот во кој живеел несреќниот Шпанец, како и работилницата во која ги правел тапаните, се запечатени и подложени на детално истражување и деконтаминација.

Седум други лица за кои се знае дека биле со Гомез во неговата работилница, сега се под интензивен лекарски надзор и под силна доза на антибиотици, во настојување да не се дозволи евентуално појавување на болеста и кај нив.

Здравствените власти соопштија, дека засега никој од нив не покажува знаци на заболување од антракс. Исплашените жители на лондонскиот кварт Брикстон се уверуват дека не станува збор за зараза со опасната болест, затоа што антраксот од кој почина Гомез не се пренесува од човек на човек. Пред две години, еден друг изработувач на музички инструменти од Шкотска, почина од антракс, работејќи со животински кожи внесени од Африка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...