Во Словенија драстичен раст на заболени од новиот грип

Љубљана, 19 ноември (МИА) - Во Словенија изминатата седмица бројот на заболени од новиот грип драстично се зголемил, соопшти Институтот за заштита на здравјето, предупредувајќи дека тој неповолен тренд ќе продолжи.

Во првата седмица од ноември имало 17,9 заболени на 100.000 жители, а во втората 76,7 заболени на 100.000 граѓани. Досега во Словенија лабораториски се потврдени 624 случаи на зараза со пандемискиот грип, а Институтот, во исто време, соопшти дека се зголемува бројот на сезонски заболени дишни органи.

Во Словенија вакцината против новиот грип ја примиле околу 20.000 лица, меѓу кои голем број здравствени работници и хронични болни.

Претставници тврдат дека кај вакцинираните немало несакани ефекти. Вакцината која се користи во Словенија веќе ја примиле над два милиони лица во Европа.

На Словенија досега и се испорачани 75.000 дози вакцини против новиот грип, а до крајот на годината треба да пристигнат уште 266.000.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца рибари ловат риби од чамец под некој мост. Во еден момент едниот од нив погледнува накај мостот и забележува погребна поворка како поминува по него. Рибаров станува, ја...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1789.- Граѓаните на Париз го освоија злогласниот...
1817.- Во Париз умре Мадам де Стал, француска...
1889.- Во Париз, во присуство на 335 делегати од...
1907.- Кај селото Ракле, Прилепско, на...