Во Прага одбележана 41-годишнина од самозапалувањето на Јан Палах

Прага, 16 јануари (МИА) - Граѓаните на Прага денеска ја одбележаа 41-годишнината од смртта на прашкиот студент, Јан Палах, кој се самозапали во знак на протест поради интервенцијата на советските сили кои влегоа во тогашна Чехословачка во август 1968 година, јави дописникот на МИА од Прага.

Дваесетгодишниот студент, кој со својот чин стана симбол на чешкиот отпор, се самозапали на плоштадот во центарот на Прага и почина три дена подоцна, а на неговиот погреб присуствуваа илјадници лица.

Самозапалувањето на Палах во тоа време предизвика бран на слични самоубиства во многу земји од поранешниот советски блок.

Во јануари 1989 година, неколкудневните демонстрации познати како „Неделата на Палах“ го означија почетокот на крајот на комунистичкиот режим.

- Јан Палах е недостижен, морален пример на кој ние постојано треба да се сеќаваме, рече Јарослава Чајова, организатор на чевствувањето на Јан Палах.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...