Тимошенко никогаш нема да ја признае победата на Јанукович

Киев, 9 февруари (МИА) - Јулија Тимошенко одлучи да не ја признава победата на Виктор Јанукович на претседателските избори во Украина, соопшти ИТАР-ТАСС.

Таа тоа го изјавила на синоќешната седницата на парламентарната фракција на БЈУТ (Блокот на Јулија Тимошенко).

-Никогаш нема да ја признаам легитимноста на победата на Јанукович со вакви избори, изјавила таа и на своите правници им дала задача да се подготвуваат за судско обжалување на резултатите од гласањето.

Како една од варијантите таа споменала и свикување трет круг гласање.

На седницата на фракцијата заменик претседателот на парламентот Николај Томенко и дел од фракцијата на БЈУТ се изјасниле за признавање на победата на Јанукович и преминување на Тимошенко во опозиција, но мнозинството одлучило да се бори за судската победа на Тимошенко.

Пратеникот од БЈУТ Олег Лашко синоќа изјави дека Блокот на Јулија Тимошенко на суд и во изборните комисии ќе ги обжалува резултатите од изборите за претседател, што се одржаа на 7 февруари. Според него, во БЈУТ сметаат дека во Доњецката и Луганската област, како и во Крим, во корист на кандидатот на Партијата на регионите биле фалсификувани речиси еден милион гласачки ливчиња. Тој додаде дека БЈУТ сега собира материјали за нарушувањата на изборниот процес и со нив ќе се обратат на судот за нивно обжалување.

Според податоците на ЦИК од обработени 99,58 проценти од електронските протоколи од одделните изборни комисии Јанукович во вториот круг добил 48,83 проценти од гласовите, додека Тимошенко - 45,59 проценти, а 4,37 проценти не поддржале ниту еден кандидат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...