Обама и Саркози му ја честитаа победата на Јанукович

Вашингтон/Париз, 12 февруари (МИА) - Претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози синоќа му ја честитаа победата на претседателските избори во Украина на лидерот на опозициската Партија на регионите, Виктор Јанукович.

Како што соопшти Белата куќа, во телефонски разговор со Јанукович, Обама му посакал успех во извршувањето на претседателската функција и ја поздравил „новата позитивна фаза во зацврстувањето на демократијата во Украина“.

- Претседателот (Обама) упати честитки и до Украинците за мирниот тек на изборите на 7 февруари. Мирното политичко изразување на волјата на украинските гласачи претставува позитивна фаза во зацврстувањето на демократијата во Украина, изјави портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс.

Тој нагласи дека САД со нетрпение очекуваат да почнат да соработуваат со новоизбраниот претседател и да ја засилат соработката со украинската Влада и парламентарните лидери.

Јанукович од своја страна изјавил дека партнерските односи меѓу САД и Украина се развиваат врз принципот на взаемна доверба и почитување.

Во честитката до Јанукович од шефот на француската држава Саркози се истакнува дека претседателските избори претставуваат „победа на демократијата“ во Украина.

- Украинскиот народ ја искажа својата волја на слободни, повеќепартиски и демократски избори, се наведува во писмената честитка на Саркози до Јанукович.

Јанукович победи на неделниот втор круг од претседателските избори во Украина, освојувајќи 48,95 проценти до гласовите, додека за неговиот противкандидат, актуелниот украински премиер Јулија Тимошенко, се изјасниле 45,47 отсто од Украинците што го искористија своето гласачко право. Останатите 5,58  отсто од гласовите се неважечки, соопшти вчера украинската Централна изборна комисија по обработувањето на 100 проценти од материјалите од избирачките места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил Мујо од партиски состанок потечен во двете очи.
"Што се случи?"- го прашале.
"Па, знаете, партискиот состанок беше многу долг..."
"И ?"
"Јас седев зад...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...