Обама и Медведев го потпишаа клучниот документ

Прага, 8 април (МИА) – Претседателот на САД Барак Обама и рускиот претседатл  Дмитриј Медведев денеска во 12.30 часот во Шпанската сала во Прашкиот дворец „Храдчани“ го потпишаа долго очекуваниот Договор, кој ги обврзува двете држави на значително намалување на нуклеарното вооружување.

- Пред една година  во Прага зборував за мојата визија да се запре ширењето на нуклеарно оружје и за својот сон за свет без нуклеарно оружје. Тоа е долг процес кој можеби нема да биде завршен ниту за време на мојот живот. Но, верувам дека следењето на оваа цел ќе не оттурне од менталитетот на Студената војна, ќе го зајакне глобалниот режим за неширење на нуклеарното оружје и ќе ги направи САД и светот побезбедни ", рече Обама, по потпишувањето на Договорот.

Во исто време позитивно го оцени својот колега Медведев со кого според неговите зборови создале однос исполнет со почит и доверлива соработка, јави дописникот на МИА од Прага.

- Јас сум уверен дека се што досега е направено е само почеток на големиот пат. Би ми било жал доколку односите меѓу Русија и САД се насочат само на ограничување на стратешкото офанзивно  оружје иако токму на нас лежи посебната одговорност. Но, ние мораме да соработуваме и во другите области, бидејќи тоа е важно за нашите нации и ситуацијата во светот“, се надоврза Медведев на зборовите на Обама и му се заблагодари на извонредната соработка.

Изразувајќи надеж дека во тој смер направиле многу важен чекор, кој ја зацврстил довербата и взаемното разбирање меѓу Русија и САД,  рускиот претседател додаде дека потпишувањето на Договорот за намалување на нуклеарното вооружување го смета за вистински историски настан.

Двајцата светски лидери и се заблагодарија на Чешка за организирањето на церемонијата на потпишување на новиот договор. Обама истакна дека Република Чешка е близок сојузник и пријател на САД.

Според Обама системот на анти-ракетна одбрана не е наменет за да се смени  стратегиската  рамнотежа на силите помеѓу Русија и САД туку напротив целта е да се вклучи Русија во дебата за ракетниот одбранбен систем.

Медведев пак на ова, изрази подготвеност за соработка со САД за решавање на  проблемите на против-ракетна одбрана, потенцирајќи дека иако постојат очигледни разлики постои и волја за нив да се разговара и додаде дека тој лично верува во  договор и по ова прашање.

Двајцата претседатели во своите говори, исто така го допреа и прашањето за  нуклеарната програма на Иран.

- Техеран за жал не реагира на понудените компромиси. Не можеме да ги затвориме очите пред тоа и не можеме да исклучиме дека Советот за безбедност на ОН ќе треба да разговара за тоа.  Санкциите сами од себе  ретко водат кон резултати,  но понекогаш  се неизбежни, истакна Медведев.

Обама изрази уверување дека меѓународната заедница ќе успее да наметне силни санкции врз Иран уште оваа пролет. И за него нуклеарното оружје кое го поседува иранскиот режим претставува закана за западниот свет.

Денеска потпишаниот Договор јасно ја дефинира границата на која САД и Русија треба понатаму да го снижат  својот нуклеарен потенцијал и понатаму ги намалува лимитите кои ги предвидуваше претходната Спогодба СТАРТ-1 од 1991 година, која престана да важи на 5 декември 2009 година како и московскиот Договор од 2002 година.

Во Договорот кој треба да биде ратификуван од американскиот Сенат и руската Дума, двете страни се согласуваат значително да го намалат бројот на стратешко оружје во рок од седум години од стапувањето во сила на истиот.

Документот, кој веќе се нарекува „Прашкиот договор“ е составен од три дела кои се правно обврзувачки - текстот на договорот, евиденција за дополнителни права и обврски што се однесуваат на условите на договорот, како и технички измени и дополнувања на Протоколот.

Експертите сметаат дека денешната Спогодба е еден од првите резултати на политиката на „нов почеток“ од  руско-американска страна по периодот на „ладење на односите“ во текот на кој Русите и Американците не можеа да најдат заеднички јазик.

Потпишувањето на Договорот во свечената сала на Прашкиот дворец со капацитет од 550 седишта го следеа врвни американски и руски дипломати, високи претставници на чешката политика како и околу 650 новинари од целиот свет.

Американско-рускиот самит во чешката метропола започна со средбата на Обама и  Медведев во градината на Прашкиот дворец, по што претседателот на САД по чешкиот протокол бидејќи е „помлад по функција“ го пречека својот руски колега во музичката сала на замокот „Храдчани“ каде зад затворени врати се одвиваше нивната билатерална средба.

Додека Медведев, по свечениот ручек организиран од чешкиот домаќин Вацлав Клаус  ќе замине од Чешка, американскиот претседател во вечерните часови ќе се сретне со претседателите и премиерите на 11 европски земји од поранешниот Источен блок.

На неформалната вечера во резиденцијата на американската амбасада, Обама сака да ги увери претставниците на земјите во регионот дека потпишувањето на новиот договор со Русија не менува ништо во нивните односи со САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...