Облаци од пепел ја парализираа Европа

Облаци од вулкански прав и пепел од Исланд продолжуваат да се движат преку Шведска, па од денеска попладне шведскиот Завод за воздушен сообраќај ќе ги запре сите прелетувања над територијата на земјата, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

- Како што моментно изгледа, сообраќајот ќе биде запрен во 16 часот попладне. Прекинот ќе трае половина ден доколку временската ситуација и дувањето на ветерот не се променат, изјави Јоран Хал, генерален директор на аеродромот Ландветер, кај Гетеборг.
Облаците од пепел предизвикуваат хаос во меѓународниот воздушен сообраќај во Северна Европа. Авионските летови над Данска ќе бидат запрени денеска во 18 часот, а аеродоромот Каструп кај Копенхаген ќе биде затворен од 17 часот.

- Ниту еден авион нема да лета над Данска, ако безбедноста на летовите не е целосно гарантирана, изјави портпаролот на данската Службата за воздухопловна контрола.
Норвешкиот воздушен простор е затворен од 10 часот, а во Финска авионскиот сообраќај нема да функционира на северот на земјата до петок попладне.

- Воздушниот сообраќај од и до аеродромот во Осло е во прекин, се вели во соопштението на норвешките власти.
Од 13 часот во прекин е и воздушниот сообраќај над Велика Британија, најмалку до 19 часот. Од 14 часот денеска ќе бидат затворени воздушните простори и над Белгија, Холандија и делови на Германија.
Поради вулканот практично целата акваторија на Северното Море е покриена со движечки облаци пепел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил Мујо од партиски состанок потечен во двете очи.
"Што се случи?"- го прашале.
"Па, знаете, партискиот состанок беше многу долг..."
"И ?"
"Јас седев зад...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...