Британскиот воздушен простор ќе остане затворен до вечер

Лондон, 16 април (МИА) - Поголемиот дел од британскиот воздушен простор ќе остане затворен до денеска во 18 часот по Гринич поради опасноста што ја создаваат облаците вулкански пепел кои доаѓаат од Исланд, соопшти британската служба за контрола на воздушниот сообраќај.
До синоќа се сметаше дека ограничувањата ќе важат до денеска на пладне.
Можно е да бидат дозволени некои летови од Северна Ирска и шкотските Западни острови, од Глазгов,  Единбург и Прествик.
Утрово ќе биде направена најнова проценка на ситуацијата.
Поради вулканската активност на Исланд вчера беше прекинат воздушниот сообраќај над северна и некои делови од Западна Европа. Затворен беше и воздушнот простор над Северна Полска.
Експерти од групацијата за воздушна безбедност „Евроконтрол“ соопштија дека авионите можат да останат приземјени и во следните 48 часа, затоа што не може да се одреди како ќе се однесува вулканскиот облак.
Жителите на крајниот британски север се пожалија дека поради вулканскиот облак веќе почувствувале непријатна миризба во воздухот, јави дописникот на МИА од Лондон.
Британската централна контрола на летање одлучи од вчера на пладне целосно да го затвори небото над Велика Британија, што предизвика приземјување на сите авиони и затворање на сите аеродроми. Ваквата одлука е прогласена за „потег без преседан“ во историјата на британскиот воздушен сообраќај, иако за кусо време воздушниот простор беше затворен и по терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.
Контролорите на летање одлуката ја оправдуваат со безбедносни причини и предупредуваат дека доколку авионите влетаат во облакот што се движи на висина над 10 илјади метри, вулканскиот прав може да предизвика оштетување на моторите, па дури и прекин на нивната работа.
Авионските компании ги предупредија патниците да не одат ниту денеска на аеродромите затоа што сите летови се откажани, но на големите лондонски аеродроми има луѓе кои не се од Британија и нема каде да одат, а велат дека немаат пари за хотел или за нова авионска карта. Засега само „Бритиш Ервејз“ соопшти дека ќе им ги врати парите на своите патници чии летови се откажани или ќе им даде нова резервација за следните денови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил Мујо од партиски состанок потечен во двете очи.
"Што се случи?"- го прашале.
"Па, знаете, партискиот состанок беше многу долг..."
"И ?"
"Јас седев зад...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...