Пилотите знаеле оти авионот ќе се урне

Варшава, 16 април (МИА) - Податоците од „црната кутија“ од авионот кој се урна во близина на Смоленск во Русија покажуваат дека пилотите знаеле оти авионот ќе се урне, соопштија денеска полски официјални лица.

Полскиот државен обвинител Анджеј Серемет изјави дека е јасно оти пилотите знаеле дека несреќата е неизбежна бидејќи авионот удрил во дрвја.

- Екипажот бил свесен за неизбежноста од катастрофа оти авионот се тресел откако крилата удриле во гранки од дрвја, рече Семент.

Портпаролот на полскиот обвинител изјави дека една од трите „црни кутии“ е вратена во Полска додека другите две се испитуваат во Москва.

Руски извор тврди дека од снимките може да се заклучи оти никој од патниците не вршел притисок да се преземе ризик и да се слета во услови на магла и слаба видливост.

Според него, причина за несреќата била „грешка на пилотот“.

Главниот полски обвинител Кшиштоф Парулски смета дека е рано да се донесуваат какви било заклучоци.

Според првичните информации пилотите игнорирале предупредувања од контролата на лет во Смоленск да го пренасочат авионот на некој друг аеродром.

Претседателот на Полска Лех Качински, неговата сопруга Марија и дел од државниот врв беа меѓу 96-те патници од авионската несреќа кај Смоленск.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...