Полска се простува од својот претседател

Варшава, 17 април 2010 (МИА) - Полска, денеска и утре ќе се прости од претседателот Лех Качински и првата дама - Марија.

Меѓу 800 илјади и еден милион лица се очекува да присуствуваат на денешната панихида во Варшава во чест на претседателот Лех Качински, неговата сопруга Марија и 94 други луѓе кои пред една недела загинаа во авионската несреќа во Русија.

Во меѓувреме, семејството на полскиот претседател побара погребот на претседателската двојка да се одржи утре во Краков, како што е и планирано, односно да не се одлага поради стравувањата дека пепелта од вулканот на Исланд би можело да спречи некои светски државници да присуствуваат на церемонијата.

Церемонијата започнува денеска во 10 часот по Гринич на централниот варшавски плоштад „Пилсудски“, каде ќе им биде оддадена почит на жртвите, а која ќе трае до 14 часот. Во 15 часот и 30 минути по Гринич ковчезите на Лех и Марија Качински ќе бидат изложени во катедралата Свети Јан во Варшава, која е во близина на плоштадот „Пилсудски“. Таму ќе биде отслужена литургија, која ќе започне во 16 часот по Гринич. Литургијата ќе ја служи архиепископот на Варшава Кажимеж нач.

Потоа, телата на семејството Качински ќе останат извесно време во катедралата, пред да бидат транспортирани во Краков, каде утре ќе бидат погребани.

Тие ќе пристигнат во Краков во 8 часот по Гринич во храмот Успение Богородично, познат и како Мариацка катедрала, сместена во историскиот центар на Краков.

Во 12 часот по Гринич ќе биде отслужена литургија, на која ќе присуствуваат роднини и блиски на семејството Качински, странски делегации и полски лидери. Мисата треба да ја служи пратеникот на папата Бенедикт 16 - кардинал Анџело Содано, кој требаше во Краков да пристигне денеска, но тоа не се случи поради нарушениот воздушен сообраќај во Европа. Сепак, Ватикан изрази увереност дека кардиналот ќе биде утре во Краков, како што и беше предвидено.

Се очекува на церемонијата во Мариацката катедрала да присуствуваат 80 странски делегации, меѓу кои околу 40 претседатели и премиери. Поради нарушениот воздушен сообраќај, многумина од лидерите изразија подготвеност да патуваат со воз или автомобил за да стасаат во Краков за погребот. Досега ниту американскиот претседател Барак Обама, ни германскиот канцелар Ангела Меркел, ниту рускиот претседател Дмитриј Медведев не го откажаа своето присуство.

По службата во катедралата, останките на семејството Качински ќе бидат однесени во Вавелската катедрала, која е пантеон на полските великани.

Само најблиските на семејството ќе ги придружуваат останките до Вавелската катедрала, додека за тоа време странските делегации во Мариацката катедрала ќе присуствуваат на траорен концерт во спомен на Лех и Марија Качински.

По концертот, странските гости ќе отидат во Вавелската катедрала, каде во 14 часот и 30 минути по Гринич ќе биде полагањето на останките, придружено со служба од страна на архиепископот на Краков, кардинал Станислав Џивиш.

По церемонијата ковчезите ќе бидат спуштени во криптата во Вавелската катедрала и поставени во саркофаг, додека за тоа време во градот ќе се слушнат 21 топовски истрел.

Останатите 90 жртви од авионската несреќа ќе бидат погребани на индивидуални церемонии низ целата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...