Состојбата во авиосообраќајот полоша

Брисел, 17 април 2010 (МИА) - Европската агенција за контрола на авиосообраќајот - Евроконтрол соопшти дека ситуацијата во европскиот авионски сообраќај денеска е полоша од вчера, поради тоа што огромен облак од пепел, кој се подигна во атмосферата после ерупцијата на вулкан во Исланд, се прошири над средна и северна Европа.

Поради тоа денеска не се очекуваат повеќе од 5.000 летови, иако нормално се реализираат околу 22 илјади, а наместо 300 прекуокеански авиони, кои обично во сабота пристигнуваат во Европа, утрово слетале само 73, додека вчера биле реализирани 10.400 наместо вообичаените 28.000 летови.

Иако во поголемиот број земји во северна и средна Европа не беше можно ни полетување ни слетување, летови се реализирани во јужна Европа - во Шпанија, на југот на Балканот, југот на Италија, во Бугарија, Грција и Турција.

„Според прогнозите, последиците од облакот вулкански пепел ќе се чувствуваат уште најмалку 24 часа“, соопшти Евроконтрол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил Мујо од партиски состанок потечен во двете очи.
"Што се случи?"- го прашале.
"Па, знаете, партискиот состанок беше многу долг..."
"И ?"
"Јас седев зад...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...