Потрага по стрелецот кој пука врз имигранти во Малме

Гетеборг, 25 октомври 2010 (МИА) - Потрагата по стрелецот кој пука врз имигранти во шведскиот град Малме продолжува со несмален интензитет.
Сега по сторителот не трага само полицијата, туку и криминални групи, пишува “Свенска дагбладет“, посочувајќи дека извори во полицијата не ги потврдиле таквите податоци, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

- Тој може само да се надева дека ние нема први да го најдеме, рече еден припадник на криминална група позната во јужна Шведска.

Шведската полиција се уште нема уапсено никого во врска со извршените серија неразјаснети истрели од огнено оружје, насочени кон лица со имигрантско потекло на подрачјето на Малме.

Полицијата ги предупреди граѓаните да бидат претпазливи доколку излегуваат сами навечер и во ноќните часови.

Досега годинава во јужна Шведска се регистрирани педесетина неразјаснети истрели, при што се верува дека зад атентатите стои едно или неколкумина мошне опасни лица.

Со оглед на тоа дека сите жртви, освен една, имале имигрантско потекло, полициската истрага, меѓу другото, е насочена кон екстремно десничарски групации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди дома човек со кило кока и му вика на папагалот:
- Дури сум надвор немој да си го пипал ова зашто ќе кубам пердуви од тебе.
Папагалов вели:
- ОК, нема проблем.
Излегол...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на пешачењето.
1796.- Предводени од владиката Петар I Петровиќ...
1824.- Собранието на Мексико го усвои Уставот со...
1835 - Роден е францускиот композитор, пијанист,...