Столчето во Осло остана празно

Осло, 10 декември 2010 (МИА) - Во Осло денеска симболично врачена Нобеловата награда за мир во отсуство на лауреатот за 2010 година, кинескиот дисидент Лиу Ксиаобо.

Претседателот на Нобеловиот комитет Торнбјорн Јагланд ја постави наградата на празен стол на кој требаше да седи Ксиаобо. Над столот беше поставена огромна фотографија на кинескиот дисидент.

Во обраќањето на церемонијата, претседателот на норвешкиот Нобелов комитет Јагланд, изјави дека само фактот за отсуството на лауреатот или неговите роднини, „покажува дека наградата е неопходна и соодветна“.

Јагланд потсети за други случаи кога на добитници на Нобеловата награда за мир не им било дозволено да ја примат. Тој меѓу нив го посочи лауреатот за 1935 година Карл фон Осиецки. - Хитлер беше бесен и забрани на сите Германци да добијат каква и да било Нобелова награда, рече Јагланд.

Претседателот на норвешкиот Нобелов комитет потсети и за гневот на Москва, кога Андреј Сахаров беше удостоен со наградата за 1975, на кого му беше попречено лично да ја прими. Истото се случи и со лауреатите за 1983 Лех Валенса и за 1991 година Аун Сан Су Чи.

- Целта на овие награди никогаш не била некого да навредат. Намерите на Нобеловиот комитет секогаш биле да кажат нешто за врските меѓу човековите права, демократијата и мирот. И беше важно да го потсетиме светот дека правата, на кои сега широко се радуваме, се извојувани од личности, кои презеле големи ризици. Ете затоа Лиу Ксиаобо ја заслужува нашата поддршка, изјави претседателот на норвешкиот Нобелов комитет.

Тој додаде дека иако ниту еден од членовите на комитетот не се сретнал лично со Лиу, сите од комитетот чувствуваат дека го познаваат. - Го проучувавме одблизу веќе подолг временски период, рече Јагланд.

Лиу Ксиаобо излежува 11-годишна пресуда во Кина поради „антидржавна дејност“. Тој е еден од авторите на „Повелба 08“, која содржи повици за демократизирање на Кина.

Кинеските власти не дозволија ниту на членови на семејството на Лиу Ксиабао да присуствуваат на церемонијата.

На церемонијата присуствуваат амбасадорите на 45 држави, кинески дисиденти и поранешни белгиски премиери.

Во Кина беа прекинати емитувањата на Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и на други светски телевизии, кои директно ја емитуваа церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за мир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...