Папата сакал Турција да остане надвор од ЕУ

Лондон, 11 декември 2010 (МИА) - Папата сакал муслиманска Турција да остане вон Европската унија, а ватикански дипломати лобирале врз венецуелскиот претседател Хуго Чавес и настојувале формулацијата „христијански корени“ на Европа да влезе во европскиот Устав, објави Гардијан кој продолжува да објавува информации од Викиликс.

Папата има одговорност за засиленото несогласување на Ватикан за идејата за влез на Турција во ЕУ, се тврди во тајни преписки од американската Амбасада во Ватикан.

Во 2004 година кардинал Рацингер рекол дека не може да се дозволи една муслиманска држава да биде дел од Унијата иако во тоа време Ватикан бил неутрален за прашањето. Американски дипломат навел дека Рацингер „јасно разбира дека ако се дозволи во ЕУ да влезе муслиманска држава, тогаш тоа ќе ја ослаби тезата за христијански корени на Европа“.

Сепак, Пјетро Паролин, в.д. министер за надворешни работи пред американски дипломати изјавил дека коментарите на Рацингер се негово сопствено убедување, а не на Ватикан.

Според документите на Викиликс Ватикан помогнал за ослободување на 15 британски морнари приведени во март 1997 година од Иран поради навлегување во територијални води. Во други дипломатски преписки се вели дека луѓето околу Бенедикт Шеснаесетти не ги познавале доволно можностите на новите телекомуникации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...