Мисијата на Куса неуспешна

Лондон, 14 април 2011 (МИА) - Поранешниот либиски министер за надворешни работи Муса Куса кој пребегна во Велика Британија, но замина за Доха, за да присуствува на конференцијата за Либија, што се одржа во главниот град на Катар, не успеа да се сретне и да разговара со делегацијата на либиските бунтовници, иако официјален Лондон настојуваше да дојде до таква средба, јави дописникот на МИА од Лондон.

Куса кој важи за „поранешен силен сојузник“ на Моамер Гадафи, неочекувано и „по своја волја“, допатува во Велика Британија преку Тунис. Според официјалното објаснување на британските власти, тој „доброволно се согласи“ да разговара со претставници на Форин Офисот и на разузнавачките агенции, околу актуелната ситуација во Либија, а подоцна „прифати да биде испрашан“, од шкотските правосудни власти и за соборувањето на американскиот патнички авион над Локерби, во декември 1988 година.

Во Велика Британија беше чуван во „безбедна куќа“ на британските разузнавачки агенции, но не беше уапсен, ниту против него британското или шкотското обвинителство подигнаа обвинување, како што тоа го бараа дел од лондонските медиуми, обвинувајќи го дека како поранешен раководител на либиското разузнавање е виновен за извозот на тероризмот во Велика Британија, снабдувајќи ги со оружје и терористите на ИРА.

На Куса му беше дозволено да замине од Лондон за Доха, со надеж дека тој ќе може да постигне повеќе во надминувањето на сегашниот застој во кризата во Либија отколку другите. Муса Куса, според лондонските медиуми, присуствувал на конференцијата и помагал на домаќинот Катар, но не се сретна со претставниците на привремениот совет за транзиција на Либија, затоа што тие одбија да разговараат со него. Претставник на либиските бунтовници изјави дека Куса е исто толку виновен колку и Гадафи.

Куса засега останува во Катар, но лондонските медиуми најавуваат дека тој нема да остане во оваа заливска земја, која е најмногу вклучена во западната коалиција која им помага на бунтовниците да се смени режимот во Триполи. Најверојатно е дека Муса Куса нема да се врати во Лондон, туку од Доха ќе замине во Мароко, тврди „Дејли Телеграф“, повикувајќи се на свои извори меѓу арапските дипломати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...