НАТО нема борбени авиони за операцијата во Либија

Берлин, 15 април 2011 (МИА) - Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг се надева дека некои од сојузниците во НАТО ќе испратат дополнителни борбени авиони за мисијата во Либија, и покрај тоа што одредени држави веќе соопштија дека немаат намера  да се вклучат, пренесоа британските медиуми.

-Јас сум охрабрен затоа што несомнено има доста држави кои не ја отфрлија оваа варијанта и можат да ја спроведат, изјави Хејг во кулоарите на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин.

Генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен изјави дека командантот на силите на Алијансата во Европа генерал Џејмс Ставридис има потреба само од „уште неколку авиони за прецизни напади врз целите на земја“.

Велика Британија и Франција ги охрабруваат сојузниците од НАТО да дадат уште авиони, откако САД се повлекоа од операциите за нанесување воздушни удари врз режимот на Моамер Гадафи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил Мујо од партиски состанок потечен во двете очи.
"Што се случи?"- го прашале.
"Па, знаете, партискиот состанок беше многу долг..."
"И ?"
"Јас седев зад...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на физичката активност
1497.- Италијанскиот морепловец Америго Веспучи...
1774.- Умре Луј IV, крал на Франција. Роден е на...
1876.- Во Врхника е роден Иван Цанкар,...