
Вашингтон, 16 април 2011 (МИА) - НАТО останува без „паметни“ бомби и други видови вооружување во Либија каде изведува операција против либискиот лидер Моамер Гадафи, пишува „Вашингтон пост“.
Наведувајќи изјави на извори од НАТО и САД, влијателниот американски весник пишува дека недостигот од муниција покажува дека Велика Британија, Франција и други европски земји се ограничени дури и при изведувањето на релативно мали воени акции.
Недостигот од вооружување, заедно со ограничениот број летала кои им стојат на располагање, ја засили загриженоста на поедини претставници кои се прашуваат дали САД можат да продолжат да избегнуваат враќање на воздушните напади, се наведува во извештајот.
Моментално шест од 28 земји од НАТО спроведуваат воздушни напади во Либија, додека Франција и Велика Британија учествуваат во половина од нив.