Во Лондон претставништво на либиските бунтовници

Лондон, 12 мај 2011 (МИА) - Британскиот премиер Дејвид Камерон им понуди на либиските бунтовници и на привремениот национален совет за транзиција што се наоѓа во Бенгази, да отворат свое службено, дипломатско претставништво во Лондон.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, на прес-конференција во Даунинг стрит 10, по првата официјална средба што денеска ја имаше со водачот на либискиот совет Мустафа Абдул Џалил, британскиот премиер ја истакна намерата на Велика Британија да „работи заедно“ со привремениот совет на Либија, за да се обезбеди стабилна и безбедна иднина на земјата, „ослободена од тиранијата на режимот на Гадафи“. Камерон најави натамошно засилување на британското дипломатско претставништво во Бенгази, а објави дека Владата во Лондон одлучила да им се доделат седум милиони фунти помош за бунтовничката власт, за организирање и уредување на полицијата во овој град на истокот од Либија.

Во текот на разговорите меѓу Камерон и Џалил, станало збор за натамошно зацврстување на односите и врските на официјален Лондон со власта во Бенгази.

Посетата на водачот на привремениот либиски национален совет Абдул Џалил доаѓа по неколку дневните шпекулации во лондонските весници дека Моамер Гадафи, наводно, загинал при бомбардирањето на станбениот комплекс во Триполи, кога беше убиен неговиот син и трите внучиња. Непосредно пред прес- конференцијата на Камерон и Џалил во Дауниниг стрит 10, британската телевизија Скај прикажа снимки од синоќешната средба на Гадафи со племенските водачи во земјата, додека репортерите на оваа ТВ станица јавија дека либискиот водач бил во истиот хотел во кој секој ден се странските новинари.

Велика Британија од почетокот на либиската криза, им дава силна поддршка на бунтовниците, а нејзината Влада беше најгласна во барањето за меѓународна воена интервенција, за бомбардирање на цели во Либија, како и за соборување на режимот на Моамер Гадафи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...