Ќе напаѓаме додека не победиме

Лондон, 6 јуни 2011 (МИА) - Шефот на британскиот Форин Офис Вилијам Хејг изјави дека воената интервенција во Либија нема определен рок, ниту пак постои можност за нејзино „притегнување“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Хејг нагласи дека интервенцијата против либискиот лидер Моамер Гадафи може да се продолжи и по декември. Ова е првпат министерот Хејг да признае дека британските војници може да бидат вклучени во граѓанската војна, на страна на либиските бунтовници, дури до Божик, инсистирајќи дека Владата во Лондон нема определено „краен рок“.

Изјавата на шефот на британската дипломатија доаѓа по неговото враќање од Бенгази, каде се сретна и разговараше со лидерите на бунтовниците во Либија. Тој е највисокиот досега политичар од Западот кој го посетил овој источнолибиски град, каде почна вооружениот бунт на опозицијата за соборување на Гадафи.

Хејг потврди дека ќе се зајакнат нападите и бомбардирањата врз силите лојални на либискиот водач, што ја покажува фрустрацијата на официјален Лондон и на либиските бунтовници од неможноста досега по толку војување и бомбардирање да се отстрани од власт Гадафи.

Британската Влада повеќе не крие дека крајна цел на започнатата војна со властите во Триполи е соборување на сегашниот либиски режим, па министерот за надворешни работи Вилијам Хејг во изјавата за Би-Би-Си открива дека со бунтовничките лидери во Бенгази разговарал за она што ќе се случи откако Гадафи ќе замине од власта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...