Најмалку 91 лице загина во нападите во Норвешка

Осло, 23 јули 2011 (МИА) - Најмалку 91 лице загина во вчерашните напади во норвешкиот главен град Осло.



Осумесет и четири лица се убиени во вчерашниот оружен напад на младинскиот собир на островот Утоја во близина на Осло, соопшти норвешката полиција. Портпаролот на норвешката полииција истакна дека голем број лица се ранети, од кои некои се во мошне тешка состојба, при што не е исклучена можноста бројот на жртвите да се зголемува.

Во бомбашиот напад во центарот на Осло, пред зградата каде се наоѓа канцеларијата на норвешкиот премиер, загинаа седум лица.

Полицијата соопшти дека уапсениот осомничен напаѓач од Утоја бил официјално обвинет како за убиствата на островот, така и за бомбашкиот напад во центарот на Осло.

Според норвешките весници станува збор за 34-годишниот Андерс Беринг Брејвик. Тој веќе бил сослушан од полицијата и изразил подготвеност да соработува. Засега не се констатирани знаци на психолошка нестабилност кај уапсениот. Тој служел во армијата и бил член на стрелачки клуб.

Според претставник на норвешката полиција напаѓачот има десничарска и антимуслиманска ориентација. Директорот на националната полиција на Норвешка Свејнунг Спонхајм изјави дека на Фејсбук профилот на напаѓачот има објавено содржини од кои произлегуваат сомневањата дека тој има крајно десничарски и антимуслимански ставови, но засега не е познато дали тоа се мотовите за извршените напади.

Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг изјави денеска на прес-конференција дека двата напади се национална трагедија за Норвешка и најтешкиот чин на насилство по Втората светска војна.

Тој нагласи дека во неговиот вчерашен распоред било вклучено и обраќање пред учесниците на летниот камп на младинската организација на Норвешката работничка партија.

- За мене островот Утоја е рајот на моето детство, кој сега се претвори во пекол, рече Столтенберг.

Столтенбер и премиерот за правда Кнут Сторбергет, кој исто така присуствуваше на прес-конференцијата најавија дека се уште е рано да се коментираат мотивите за вчерашните напади и додадоа дека тие се извршени од едно лице или од член на екстремистичка група.

- Во земјата не е зголемено нивото на опасност, но се разгледува можноста тоа да се стори, изјави Сторбергет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...