Норвешкиот двоен напаѓач ја призна вината

Осло, 24 јули 2011 (МИА) - Осомничениот 32-годишен Норвежанец за двата напади во Норвешка од петокот, во кои беа убиени над 92 лица, призна дека ги извршил нападите, за кои што го обвинуваат, изјави неговиот адвокат Геир Липестад.

- Тој призна дека ги извршил актите по кои е обвинет, изјави адвокатот на Андерс Брајвик, уапсен по двата напади во петокот.

- Клиентот призна дека она што го извршил е гнасно, но додава дека тоа било неопходно и оти требал да ги изврши до крај тие дејствија, додава адвокатот.

Тој исто така истакна оти нападите најверојатно биле планирани подолго време од страна на Брајвик.

Според документ од 1.500 страници, чиј автор како што се смета, е Андерс Бехринг Брејвик, се заклучува оти нападите во Норвешка биле подготвувани најрано од есента 2009 година.

Документот, поставен на Интернет, е комбинација на дневник, упатство за правење експлозивни направи и политички трактат во кој Брејвик (32) детално ја изразува својата исламофобија, нападите на марксизмот и говори за својата иницијација во редот на витезите на Темпларите.

Тој исто така појаснува како од есента пред две години почнал да се занимава со земјоделство за да ги подготви нападите.

- Тоа го одлучив за да имам уверливо покритие ако ме уапсат за купување и криумчарење експлозиви и состојки за експлозиви - ѓубрива, се наведува во текстот.

- Ќе ме прогласат за најголемо (нацистичко) чудовиште од Втората светска војна, напишал тогаш авторот, кој се потпишал под псевдонимот „Ендрју Бервик“, но го појаснил и потеклото на своето вистинско име.

Авторот, исто така говори и за својата се поголема агресивност предизвикана од употребата на препарати за развивање на телото.

- Мислам дека ова ќе биде мојот последен пост. Сега е петок 22 јули 12.51. Срдечни поздрави, Ендрју Бервик, витез Јустициар, витези Темплари Европа, витези темплари Норвешка, гласи последниот внесен текст.

Во меѓувреме, Советот за безбедност на ОН ги осуди нападите во Норвешка во кои загинаа најмалку 92 лица.

Советот за безбедност „најостро ги осудува“ нападите и изрази „длабоко жалење и искрено сочувство до жртвите на овие грозоморни дела и на нивните семејства и владата на Норвешка“, се наведува во соопштението.

- Секое терористичко дело е кривично и неоправдано без оглед на мотивацијата, каде и да било во светот, кој и да го извршил, се додава во соопштението на 15-члениот Совет.

Членките на СБ уште еднаш потврдија дека тероризмот и натаму е „една од најсериозните закани на меѓународниот мир и стабилност“.

Во исто време, извор на норвешката полиција изјави дека бомбата употребена во нападот во Осло наликува на бомбата користена во терористичкиот напад во Оклахома сити од 1995 година, изработена од ѓубриво и дизел гориво.

Неименуван полициски извор рече дека засега не е познато каков детонатор е користен за бомбата, за која инспекторите велат дека се наоѓала во еден камион, а во чија експлозија животот го загубија седум лица.

Во експлозијата на бомба изработена од ѓубриво и дизел гориво тешка 1.815 килограми, пред една сојузна установа во Оклахома сити во 1995 година, загинаа 188 лица.

Една компанија која произведува земјоделски средства соопшти дека осомничениот за нападот во Осло Андерс Брајвик во мај откупил шест тони ѓубриво за потребите на својата фарма за производство на зеленчук, не прецизирајќи за кој вид ѓубриво се работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...