
Брисел, 14 ноември 2011 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ја поздравија одлуката на претседателот на Италија да го повика сенаторот Марио Монти да состави нова влада на национално единство.
- Ја поздравуваме одлуката на претседателот на Италија да го повика сенаторот Монти да формира влада на национално единство. Веруваме дека со тоа ќе се испрати охрабрувачки сигнал - по усвојувањето на Законот за стабилизација за 2012 година- одлучност на италијанските власти да ја надминат моментната криза, оценија Ван Ромпуј и Баросо во заедничко соопштение.
- Како што е договорено на самитот на 26 октомври, Комисијата ќе продолжи да следи спроведување мерки во Италија со цел да и се помогне на политиката која ќе забрза раст и вработување, се додава во соопштението.