Чешка си припомнува на Јан Палах

Прага, 16 јануари 2012 (МИА) - Чешка деновиве со разни манифестации си припомнува на студентот Јан Палах, кој пред 43-години се самозапали во центарот на Прага и три дена подоцна почина од здобиените изгореници, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Со чинот на самоповредување, 20-годишниот студент го изрази протестот против ограничувањето на слободата и пасивниот пристап на чешката јавност по окупацијата на поранешна Чехословачка од армиите на државите на Варшавскиот пакт.

- Палах не протестираше против окупацијата, туку против тоа што општеството започна да прави морални компромиси. Сакаше со својата жртва да ни го врати достоинството, изјави за Чешкото радио, документаристката Ева Нахмилнерова.

Во чест на Палах од денеска на интернет порталот HYPERLINK "http://www.janpalach.cz"www.janpalach.cz е објавени десетици досега непознати фотографии на младиот студент, како и адио снимки на познати личности кои говорат за неговиот херојски чин.

- Неговата сторија ја претставивме така што не завршува со смрт, туку и натаму продолжува во огромен одзив, изјави Петр Блажек, учесник во Проектот.

Погребот на Палах во 1969 година на кој присуствуваа десетици илјади лица и кој стана симбол на будење на чешкиот отпор, предизвика бран на слични самоубиства во Чешка и во многу земји од поранешниот советски блок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...