Нападот врз Таксим е намерна претстава

Истанбул, 11 јуни 2013 (МИА) -  Турската полиција го нападна истанбулскиот плоштад Таксим и покрај уверувањата дека тоа нема да го стори, демонстрирајќи „намерна претстава за својата сила и моќ“, јавува Би-Би-Си повикајќи се на своите известувачи кои се наоѓаат на плоштадот.

Во нападот на демонстрантите кои се таму повеќе од две недели, специјалните единици на турската полиција употребија водени топови и солзавец, а некои демонстранти тврдат дека се користени и гумени куршуми.

Демонстрантите главно се повлекуваа пред налетот на турските специјалци, иако дел од нив се спротивставуваа фрлајќи камења и запаливи бомби.

Големи полициски сили, утринава со специјални автобуси беа доведени во реонот на плоштадот Таксим. Бројното присуство на специјалните полициски сили, опремени за борба со улични немири, беше објаснето со намерата да се „тргант плакатите и транспарентите“ на демонстрантите од споменикот на Кемал Ататурк и од културниот центар што го носи неговото име.

- Наша цел не се Таксим, паркот Гези, или протестот, туку само расчистувањето на транспарентите, изјави утринава гувернерот на Истанбул Хусеин Авни Мутли.

На плоштадот Таксим, по углед на каирскиот плоштад Тахрир, подлого време има камп населба од шатори и голем број антивладини транспаренти, како и плакати со одбрана на делото на Ататурк и со остри осуди на „самоволното“ владеење на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Многу од демонстрантите таму живеат и протестираат уште од 31 мај и првиот судир со полицијата.

Интервенцијата на полициските специјалци на Таксим доаѓа по вчерашното предупредување на премиерот дека „трпението на Владата (со демонстрантите) е пред крај“ и најавата дека Ердоган утре ќе се сретне со „водачите на протестите“.

Според Би-Би-Си, насилниот упад на плоштадот Таксим може да ги доведе во опасност планираните разговори за кои се веруваше дека може да придонесат за смирување на граѓанскиот бунт во Турција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...