ВИДЕО: Киев во пламен

Киев, 19 февруари 2014 (МИА) – Судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Киев продолжија во текот на ноќта и утрово. Според најновите информации, загинаа дваесет и пет луѓе додека во болница се примени 241 лице од кои и 79 полицајци и петмина новинари, соопшти украинското Министерство за здравство.

Во немирите загинаа девет полицајци и новинар на дневниот весник Вест кој бил и повреден во демонстрациите од кои известувал во јануари.

Последниот напад на полицијата врз демонстрантите се случи во четири часот утрово по локално време. На плоштадот во Киев и неколку споредни улици се слушнаа големи експлозии. Полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои запалија гуми и дрва. Во близина на плоштадот горат неколку згради меѓу кои и зградата на синдикатите што ја користеа демонстрантите за свој штаб.

Опозициски активисти укажуваат дека цифрата на повредени е над илјада.

Киевските болници не се во способност да се справат со се поголемиот број повредени луѓе.

Претходно, еден од опозициските лидери Виталиј Кличко изјави пред демонстрантите: „Нема да си одиме оттука. Тоа е остров на слободата. Ќе го заштитуваме“.

Амбасадата на САД во Украина ги повика сите американски државјани во Киев да не излегуваат надвор, да го избегнат насилството по улиците.

Опозициската украинска телевизија „Канал 5“ го прекина емитувањето во цела Украина. Нејзин претставник рече дека таа ќе емитува програма само преку Интернет, а нејзината веб страница воопшто не работи.

 Синоќа не беше постигнат договор меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и опозициските лидери.

Претседателот на Украина Виктор Јанукович ја повика опозицијата да направи компромис и да се изнајде заедничко решение за кризата во името на иднината на државата.

– Секогаш сум сметал дека користењето сила е погрешен потег. Најдобриот и најефикасен начин е да се најде заеднички јазик. Да се направи компромис. Да се постигне договор. Веќе сум кажал дека во таков случај донекаде губи власта. Губи и опозицијата. Но, добива Украина, нагласи Јанукович во обраќањето до нацијата.

 Според него, лидерите на опозицијата ги погазиле основните принципи на демократијата и додаде дека власта се добива не на улица и плоштади туку во изборни единици. Тој рече дека опозицијата ја преминала границата откако ги повикала луѓето да земат оружје, а според него тоа е „непочитување на законите“.

– Престапниците треба да бидат изведени пред суд кој ќе им додели казни. Тоа не е мој повик, тоа е моја обврска како гарант за Уставот – да обезбедиме мир во државата, потенцира Јанукович.

Претседателот ги повика лидерите на опозицијата да се стремат за мирно решавање на кризата и да се дистанцираат од „радикалните сили кои предизвикуваат крвопролевања и судири со властите“. Во спротивно, според него, „со нив ќе се води поинаков разговор“.

Раша тудеј објави дека полицијата во Киев користела снајпери со гумени и боеви куршуми со кои пука врз опозициски лидери на бината во централниот дел од плоштадот. Опозицискиот лидер Александар Турчинов ноќеска бил ранет додека бил на бината и се претпоставува дека е погоден од снајпер.

Во Киев речиси три месеци траат проевропски протести покренати откако Јанукович во ноември се откажа од потпишување на Договорот за асоцијација со Европската унија.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...