Киев, 21 февруари 2014 (МИА) - Украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата денеска во присуство на европските посредници потпишаа договор за излез од политичката криза.
Договорот предвидува предвремени претседателски избори, формирање на коалициска влада и промена на уставот.
- Тоа е добар компромис за Украина, што дава шанса за мир и го отвора патот кон реформи и кон Европа. Полска и Европската унија го поддржуваат, напиша на Твитер шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски.
Во подготовката на договорот учествуваа Јанукович, Шикорски и германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.