Отворени избирачките места на Крим

Симферопол, 16 март 2014 (МИА) – Во осум часот по локално време (седум по средноевропско) на Крим беа отворени избирачките места на кои граѓаните ќе одлучат за присоединување на таа автономна република кон Русија или ќе останат во состав на Украина со обновен Устав од 1992 година.



Кримското собрание на 6 март донесе одлука за пристапување кон Русија со право на субјект на федерацијата, а на референдумот граѓаните одговараат на две прашања: - Дали сте за обединување на Крим и Русија со право на субјект во Руската Федерација? и – Дали сте за обнова на уставот на Република Крим од 1992 година и статус на Крим како дел од Украина?

За плебисцитот се отпечатени 1.512.725 избирачки ливчиња на руски, украински и кримско-татарски јазик.

Русија нагласи дека ќе ги прифати резултатите од референдумот.

На референдумот може да гласаат полнолетни граѓани на Украина регистрирани во Крим, како и во градот со посебен статус – Севастопол во кој се наоѓа Црноморската флота.

За време на гласањето во Севастопол милицијата и службата за вонредни ситуации го зголемија нивото на безбедност, а на улиците се ангажирани и одреди на самоодбрана. Првите резултати ќе бидат објавени до крајот на денот, а конечните утре.

За следење на референдумот пријавени се повеќе од 800 новинари како и повеќе од 180 набљудувачи од 23 држави.

Доколку избирачите одлучат за обединување со Русија, Крим ќе се обрати до Русија со предлог за прием врз основа на соодветен меѓудржавен договор во состав на Руската Федерација, додека Севастопол има намера да биде одвоен субјект како Санкт Петербург или Москва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...