Украина да и врати 16 милијарди долари на Русија

Москва, 21 март 2014 (МИА) - Рускиот премиер Дмитриј Медведев на денешниот состанок со претседателот Владимир Путин изјави дека Украина треба да и врати на Русија 16 милијарди долари бидејќи е неважечки Договорот од Харков, според кој Москва ја снабдуваше Украина со поевтин гас.

Тој изјави дека договорот според кој Русија требаше да испорачува поевтин гас во замена за користење на базата во Севастопољ на Крим е „поништен“, со што на Русија и дава законско право да бара пари назад од Украина.

Москва и Киев на 21 април 2010 година го потпишаа Договорот од Харков, според кој наемот за базата за флотата е продолжен за 25 години. Поголемиот дел од Црноморската флота е стациониран во пристаништето Севастопољ на Крим врз основа на тој договор.

Медведев истакна дека покрај долгот од 11 милијарди долари за наемот на поморската база, Украина на Русија и должи и три милијарди долари за неодамнешниот заем и околу две милијарди долари на рускиот концерн „Гаспром“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...